Шекеринска: Го решивме проблемот со водоснабдувањето во Издеглавје

 Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во ИЕ5 – Радмила Шекеринска денеска беше во посета и на Издеглавје.

-Денеска сме во Издеглавје каде што можеме да видиме дека после 14 години ветување најпосле се решава проблемот со водоснабдување. Ова зад мене е резервоарот кој што 14 години бил ветуван и не бил реализиран се досега. А со овој резервоар се решава проблемот на водоснабдување на Издеглавје  но и на Слатински чифлик. После толку години граѓаните веќе изгубиле верба, но еве сега се гледа дека проектот е на крај. Овој проект е реализиран благодарејќи на напорите на општината со средства од општината Дебарца но и со средства од Владата, рече Шекеринска.

Според неа интересно е дека сите коментирале оти ова е селото од каде што потекнува Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој 14 години ги убедувал дека ова ќе го направат.

-Требаше две и пол години да бидат во опозиција и најпосле Издеглавје да го добие ветениот резервоар. Можеби затоа Александар Николовски  избега од 5-ка и замина да им нуди нови ветувања на некои други граѓани, рече Шекеринска.

Back to top button
Close