Шекеринска: Слушнавме како Николоски и ДПМНЕ се пазарат со дивоградби за гласови и го загрозуваат нашиот статус во УНЕСКО

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица пет – Радмила Шекеринска, денес ги коментираше ново објавените разговори во кои се слуша како кандидатот за пратеник Александар Николоски договара со обвинетиот Миле Јанакиески да се дозволи узурпација на охридското крајбрежје и да се дозволат дивоградби како дел од предизборно пазарење за гласови со ДУИ.

„Денеска слушаме дека додека Владата се бори против дивоградбите, конкретно, со конкретни акции, со конкретни дела, некои луѓе ги користеле дивоградбите за да се пазарат пред избори.

Затоа статусот на УНЕСКО ни беше загрозен, затоа што ВМРО-ДПМНЕ играше политика со дивоградбите, си играше политика со Охрид и го користеше и Охрид и статусот на УНЕСКО, како монета за поткусурување во нивните меѓупартиски битки.

Ние ставивме точка на таквото однесување и во Охрид и во охридско и во целиот регион, покажавме дека грижата кон нашето национално богатство, без разлика дали е културно или природно нема алтернативна и дека сме подготвени да направиме се, да имаме и политичка волја, да имаме.

 

Back to top button
Close