Шекеринска: Во Бугарија не се среќни со предлогот на ЕУ

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека предлогот кој деновиве претставниците на ЕУ го претставуваат во Бугарија и во Македонија за решавање на спорот е показател дека ЕУ е заинтересирана и се ангажира за Македонија.

-Она што е добра вест денеска е дека ЕУ покажа засилен ангажман. Најголем страв е да ЕУ да остави статус кво. И покрај ниските очекувања, дека Португалците не се фокусирани на Балканот, испадна дека биле заинтересирани. Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот.Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете. Но, битното е дека ЕУ покажа дека местото на идентитетските прашања не им е во рамката за преговори, вели Шекеринска.

Back to top button
Close