Шекеринска во посета на Финска

Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во финскиот главен град Хелсинки, каде ќе учествува на Министерскиот состанок на организацијата за Нордиска одбранбена соработка (НОРДЕФКО), како и на Арктичкиот вселенски форум на Алијансата.

NATO Deputy Secretary General Radmila Shekerinska

НОРДЕФКО е регионална организација за соработка меѓу нордиските земји во областа на одбраната, чии членки се Данска, Исланд, Норвешка, Финска и Шведска.

Како што соопшти НАТО, покрај учеството на двата форуми, Шекеринска ќе се сретне и со министрите за надворешни работи и за одбрана на Финска, Елина Валтонен и Анти Хаканен, како и со други високи фински функционери.

Предвидено е и Шекеринска да ја посети цивилната скривница „Мерихака“ во Хелсинки, која е дизајнирана за сместување на 6.000 луѓе во услови на вонредна состојба. Скривницата, која е изградена во 2003 година, претставува модерен подземен комплекс, кој во моментов се користи за цивилни цели како паркинг простор и спортски активности. Во услови на криза, скривницата може брзо да се адаптира за да обезбеди заштита од експлозии и да понуди херметички затворена средена погодна за живот.

Back to top button
Close