Шема како Коце Трајановски го полни ЈПДП со вмровци со менување на критериумите за работа

Иако само што  министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го отвори реновираниот центар за обука и доедукација на адиминистративните службеници и ја повтори „мантрата“ дека владата има „силна политичка волја за департизација на јавниот сектор“ се чини дека активностите на терен не се движат во таа светла насока.

Либертас, од свои извори дознава дека в.д.директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски ја разработил познатата шема на измена на правилниците за систематизација со што го зголемил бројот на административни службеници во претпријатието.

Трајановски, кој за в.д.директор беше назначен на 3-ти јули 2024 година, според нашите извори, прво што направил било измена на Правилникот за систематизација на работните места. Со други зборови одма смислил како да си  вдоми свои кадри.

За таа цел, на 05.07.2024, односно само два дена од назначувањето на функцијата ја смени систематизацијата за да додаде работно место, што се гледа и на фотографијата од измените и дополнувањата на Правилникот за систематиација на работните места (достапен на следниов линк)

 

Потоа го зголемил и бројот на портири

Нашиот извор додаде дека крупна промена се случила во Оделението за организирање и поддршка на работата на директорот каде од претходно пет, сега бројот на вработени е кренат на 13 лица. Подолу детали од прегледот на систематизацијата на Одделението за организирање и поддршка на работата на директорот:

 

Интересна промена е што одеднаш за позицијата Советник –  внатрешен ревизор, вработеното лице нема потреба да има положен испит за внатрешен ревизор во јавниот сектор.

 

Ваквите промени отвораат сомнеж дека можеби станува збор за систематизациите според потребите на конкретни луѓе, однапред испланирани за конкретни работни позиции

Нашиот извор наведува дека потоа следеле 11 огласи за вработување кои содржее нови критериуми чија цел (измена во посебните услови што треба кандидатот да ги исполнува) е елиминација на што поголем број на пријавени и заинтересирани кандидати.

Интересен е примерот на работното место за „Самостоен референт за организација на работата на директорот, Одделение за организирање и поддршка на работата на директорот“ за каде се бараше (1) извршител бидејќи е место за кандидат со средно образование ама со висока плата во споредба со останатите такви места.

 

Подолу е измената со која на објавениот конкурс ги елиминираат пријавените кандидати. Во посебни услови додадено е и кандидатите да поседуваат и сертификат за архивско работење што многу ретко се бара и делува збунувачки за останатите кандидати кои мислат дека е тоа всушност исто што и сертификатот за канцелариско работење.

Нашиот извор објасни дека  сега, по овие измени, советник во ЈПДП со високо образование (тоа се најчесто инженерите) земаат само 7 илјади денари повеќе плата.

Но, и покрај измените и адаптирањето на критериумите, кандидатот фаворит не успеал да положи и решението се пронашло во стопирање/поништување на постапката.

-Впрочем ако ги свртите Одлуките и ранг листите на Агенцијата за администрација кои се јавно достапни ќе наидете на еден куп објави од сите, буквално сите институции дека „постапката се стопира по барање на огласувачот„! – кажа нашиот извор.

Back to top button
Close