Шеснаесетгодишник со „леон“ прегазил и усмртил скопјанка на Пластичарска

Полицијата излезе со детали за сообраќајната несреќа во која денеска загина пешак кај Пластичарска.

-На 04.06.2022 во 13.05 часот било пријавено дека на бул.”Никола Карев” патничко моторно возило “сеат леон” со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 годишник од Скопје удрилo во Т.Р.(47) од Скопје. Т.Р. починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Ова е втора сообраќајна незгода во која настрадал пешак за два дена на истото место.

Според полицијата, вчера околу 14:14 часот било пријавено дека на булевар Никола Карев пред клучка „Детелинка” автомобил „опел корса” управуван од Е.Џ.(28) од Скопје удрил во К.М.(86) од Скопје.

Во несреќата К.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје

Back to top button
Close