Шест авиокомпании ги откажаа летовите за Венецуела по предупредувањето од САД

Шест авиокомпании вчера ги откажаа летовите за Венецуела откако САД ја предупредија цивилната авијација за „зголемување на воените активности“ при распоредувањето на американски сили во Карипско Море, соопшти Синдикатот на авиокомпаниите.

– Шпанската авиокомпанија Иберија, португалската ТАП, колумбиската Авијанка, Карибиан од Тринидад и Тобаго, бразилската ГОЛ и чилеанската Латам ги откажаа своите летови, соопшти Здружението на венецуелски авиокомпании.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) пред дв дена издаде предупредување до цивилните екипажи што летаат во венецуелскиот воздушен простор, наведувајќи ја опасноста од „засилена воена активност“ во регионот, каде што САД го зголемија своето вооружено присуство.

ФАА ги повика пилотите да бидат внимателни поради влошената безбедносна ситуација и зголемената воена активност во и околу Венецуела.

Тензиите помеѓу САД и Венецуела траат од август кога Трамп нареди распоредување војска во Карипско Море, како дел од операцијата против наркокартелите и трговијата со дрога. Мадуро тврди дека операцијата е насочена кон негова смена и преземање на нафтените полиња.

САД досега извршија 21 напад врз бродови за кои тврди дека пренесуваат дрога, при што загинаа 83 луѓе. Трамп навести дека е можно да нападне цели на венецуелското копно.

Back to top button
Close