Шест години членство на Северна Македонија во НАТО

Република Северна Македонија денеска одбележува шест години од зачленувањето во НАТО откога на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на алијансата. Со тоа земјата реализира една од нејзините стратешки цели која е зацртана и во резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година.

Со цел непречено одвивање на процесот на интеграција на земјата во НАТО, Собранието на 11 февруари 2020 година, едногласно го ратификуваше Северноатлантскиот договор, по што, на 20 март 2020 година, следеше и потпишување на инструментот за ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на претседателот на државата.

На 27 март 2020 година, преку македонската Амбасада во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што земјава и официјално стана триесетта земја членка на Алијансата

Back to top button
Close