ШЕСТ НАПАЃАЧИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО НОВИ ПАЗАР Министерот Свечља бара Србија да ги предаде на Косово

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека има информации оти шестмина ранети членови на групата која вчера изврши напад врз косовската полиција на северот од земјата се лекуваат во болница во градот Нови Пазар во Србија,

На денешната прес-конференција по повод вчерашниот инцидент во селото Бањско, кај Звечане, во кој беше убиен еден косовски полицаец и најмалку тројца од групата напаѓачи, која официјална Приштина ја квалификува како терористичка, Свечља побара од Србија да ги предаде ранетите, како и сите други припадници на групата од над 30 лица кои по акцијата на косовската полиција пребегнале во соседната држава.

 

Back to top button
Close