Шест новозаболени од коронавирусот во Куманово и еден во Липково

– Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира седум новозаболени лица од Ковид 19, од нив шест во Куманово, еден во општина Липково, соопштија денеска надлежните.

-Сите новозаболени имале контакти со веќе заболени лица, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Во моментов се уште се вршат тестирања и според проценките на надлежните ќе бидат извршени над 40-тина тестирања според епидемиолошки индикации и контролни тестови. Според „Мој термин“ извршени се 15 тестирања.

Back to top button
Close