Шест од десет Британци сакаат државата да се врати во ЕУ

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки врски“ со ЕУ во својот говор на Минхенската безбедносна конференција.

Најновите податоци на YouGov покажуваат дека 62% од Британците сакаат поблиски односи со ЕУ, а дури 54% сакаат повторно да се приклучат на Унијата.

Велика Британија се соочи со економски потешкотии откако гласаше за напуштање на ЕУ во 2016-та година и последователно излегување од блокот во 2020-та година. Месечните бројки за периодот помеѓу 2021-ва и 2023-та година покажуваат пад од 27% на извозот во Обединетото Кралство и пад од 32% на увозот во и од ЕУ во споредба со тоа како би можеле да се одвиваат работите доколку Британија останеше во блокот

Back to top button
Close