Шест смртни случаји од Ковид-19 во Тетово, најмногу од кога почна пандемијата

Тетовскиот регион бележи најмногу смртни случаи за едно деноноќие од почетокот на пандемијата со Ковид-19. Пет луѓе болни од Ковид-19 починаа во тетовската болница и уште еден во скопската болница „8 септември“.

– Во клиничката болница починаа двајца од Тетово и по еден од Мала Речица, Пирок и Камењане. Починатите се на возраст  60, 63, 69, 72 и 77, соопшти директорот Флорим Бесими.

Министерството за здравство информираше дека во Градската општа болница „8 септември“ е починат и најмладиот, 58 годишник од тетовско. Вкупно починати од Ковид-19 во тетовско се 49 лица.

– Од новите 12 заболени за денес со Ковид-19, седум се во општина Тетово, по двајца во Боговиње и Желино и еден во општина Јегуновце, информираше д-р Зорица Зафироска, од Центар за јавно здравје Тетово.

Сега активни случаи има 374 или вкупно 640 дијагностицирани.

Back to top button
Close