Шесте медицински сестри кои починаа од ковид-19 постхумно одликувани

Шесте медицински сестри кои во земјава починаа од ковид-19, денеска беа постхумно одликувани за нивната пожртвуваност на манифестацијата за одбележување на Денот на медицинските сестри-техничари.

-Длабока почит кон шесте медицински сестри кои денеска постхумно беа одликувани, за нивната пожртвуваност. Тие ги загубија животите во ковид пандемијата, вложувајќи го својот живот во грижата за пациентите и спасување нечиј живот – порача министерот за здравство, Беким Сали.

Годинава денот се одбележа под мотото „Глас што води“ кое нагласува Сали, ја потенцира важноста на медицинските сестри во здравствениот систем.

Во изјава за медиумите, министерот денеска порача дека здравствените власти знаат дека има тешкотии и незадоволство, меѓутоа се работи на решавање на нивните барања. Тој посочи и дека е формирана работна група која подготвува нов закон за оваа професија на предлог на Здружението на сестри.

Back to top button
Close