Шести Јануари во Белата куќа

28-ми Февруари беше Шести јануари во Белата куќа, денот на обидот за државен удар во Капитол пред четири години: овој пат пучот успеа. Водачот не носеше рогови и воинствени бои, туку покажа кој е главен. Викаше на друг шеф на држава, навредуваше, повторуваше навреди и лупеташе; Неговиот потпретседател без никакво формално обраќање го охрабруваше својот шеф, па дури и го предупредуваше третиот да не вика.

Двајца простаци, лажговци и криминалци (еден осуден), затоа што третиот не им се заблагодарил соодветно/доволно и не ги пофалил своите господари, приредија насилна сцена, затоа што и онака претходно се договориле со Путин за поделба на Украина. Ден или два претходно, човекот со роговите го нарече Макрон добар клиент и не му дозволи на англискиот премиер да добие шанса да зборува. Тој го третираше Зеленски како партал. Невиден срам за САД, крај на дипломатијата, почеток на американскиот наци-фашизам, да го наречеме Трампизам. Со оглед на култот на личноста тоа би можело да се нарече и неосталинизам. Во Си-Ен-Ен, каде и тие, како и целиот свет, со неверување го следеле невидениот настан, директно дома ја повикаа Кристијан Аманпур: таа одговори со главата в раце, вознемирена, успеа да каже дека никогаш не видела нешто слично. Подоцна, за време на вториот повик, таа успеа да каже нешто кохерентно. Што и да мислите за неа, факт е дека го има интервјуирано најлошото во сите категории и околности.

Паралелата меѓу Зеленски, кој скока во џип, практично бегајќи од Белата куќа, и Чембрлен, кој мавта со парче хартија на аеродромот e страшна – . Невил Чембрлен на чија земја големите сили ѝ пресекоа голем дел, без самата Чехословачка да може да биде присутна на преговорите,и кој доби пофалби во Парламентот, дури и од Черчил. Тој ја цитираше Антигона на Софокле, тој познат монолог во кој таа вели дека е создадена за љубов. Тоа беше последен пат кога се слушна старогрчки во англискиот парламент. Украина беше отпишана, простаците немаа ни трпение да му дадат на Зеленски нешто да потпише. Пред тоа Трамп ја прогласи воената помош за заем, што е без преседан во меѓународната политика и побара од нападнатата земја да ја врати пред крајот на војната. Патем, на сумата на сета европска помош само ја додаде американската помош.

Светот падна на глава, САД го доживеа најголемото понижување во својата историја. Европа, која веќе беше засрамена и во Украина и во Газа, но има многу подолга историја, сега мора да најде нов пат, каде што треба да се плаши од крвопролевање. Но, Европа не е виновна за рогатиот.
Во 2013 година, ЕУ со многу раскош и пари го прослави мирот во Утрехт (1713-15), кој, како што го толкуваат историчарите денес, ги намали француските амбиции на Луј XIV за освојување на Европа (барем до Наполеон), ја укина можноста еден крал да владее во две држави (се до Австро-Унгарија) и покажа дека европските држави можат да се согласат за мирот (релативно) – имаше тука монархии, република (Холандија) и светите држави (Светото Римско Царство).

Познато е дека владетелите навредуваат, пцујат, мамат, крадат и ограбуваат, но не пред камерите. Раскараните династички наследници ја предизвикаа Првата светска војна. Граѓаните на планетава, благодарение на технологијата, одамна знаат и гледаат дека ги водат глупаци и простаци. Ова ја спушти и онака замаглената вредност на демократијата на многу ниско ниво. Повеќе од кога било, политиката мора да ја преземат други, поразумни и поодговорни. Во Атина вчера милион луѓе беа на улица, поради железничката несреќа пред две години, во Солун неколку стотици илјади. Во Србија најмалку милион за неколку месеци, поради несреќа на железничката станица. Затоа што луѓето имаат различни вертикали на вредности од простаците. Или, како што рече ЛеБрон Џејмс,: кога кловнот ќе стане крал, дворот станува циркус.

Светлана Слапшак

извор: Pescanik
превод: Лени Фрчкоска

Back to top button
Close