Шестмина француски генерали повикани пред „Високиот воен совет“поради потписи под текстот што беше протолкуван како повик за пуч

Францускиот  дневен весник „Монд“ пишува дека шестмината генерали кои ја потпишаа контроверзната трибина за опасноста од распадот на Франција, што беше протолкувана како повик за пуч, добија покана да се појават пред „Високиот воен совет“, потврди и Министерството за вооружени сили.

Како што јави дописникот на МИА, поканата, потпишана од министерката за вооружени сили на Франција, Флоренс Парли, до шестмината пензионирани генерали од вториот ешалон („2С“), но кои можат да бидат повикани во секој момент во активна служба, била испратена на 25 мај, пишува денеска „Ле Монд“.

„Постапката е во тек“, потврди Министерството за вооружени сили, прецизирајќи дека сослушувањата треба да се одржат во рок од неколку месеци.

Повикани дваесет офицери потписници на „2С“ – кои јавно истакнаа дека го ставиле својот потпис во медиумите. Другите „2С“ добија писмо во кое ги прашуваат дали потврдуваат дека ја потпишале платформата и натамишната постапка за нив ќе зависи од нивниот одговор.

„Ле Монд“ пренесува дека Министерството за вооружени сили смета дека овој текст со „обвинувачки, навредувачки и контроверзен тон“ ја искривува „сликата за армијата“. Овие високи офицери потписници ризикуваат санкции, предупреди на крајот на април началникот на Генералштабот на вооружените сили, генералот Франсоа Лекоинтре.

Еден од повиканите е генералот Емануел де Ришуфиц, поранешен воен аѓутант на премиерот Пјер Марој, во раните 1980-ти, додека втор е Кристијан Пикемал, поранешен шеф на Легијата на странците, кој веќе беше исклучен во 2016 година затоа што учествувал во забранети демонстрации против мигрантите во Кале. На крајот на постапката пред Врховниот совет – составен од генерали кои припаѓаат на ист армиски корпус (копно, воздух, море) – последниот збор во однос на санкциите го има претседателот на Републиката, шефот на вооружените сили.

Трибината, објавена на 21 април од „Валеур Актуел“, го повикува претседателот Емануел Макрон да го брани патриотизмот. Потписниците го осудуваат „распадот“ за кој веруваат дека ја погодува земјата и велат дека се „подготвени да ги поддржат политиките што ќе ја земат предвид заштитата на нацијата“. Вториот форум, зборувајќи за ризик од „граѓанска војна“ во Франција е потпишан од активни војници и офицери кои не се идентификувани.

Back to top button
Close