Шестмина македонски кикбоксери изборија четвртфинале на СП

Шестмина македонски кикбоксери обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство за сениори во Абу Даби.

Откако со вчерашните борби, место во четвртфиналето обезбедија Петре Велков и Силвио Мировски, пласман во борбите за влез во полуфиналето во денешните борби обезбедија, и Лука Кипровски, Стефан Михајловски и Нелсон Узеир, на кои ќе им се приклучи и Бобан Илиоски.

Пораз во борбата за влез во полуфиналето претрпе младиот Максим Митровски.

„Максим Митровски кој е најмлад со најмало искуство од нашите борци, здобивајќи се со повреда, но машки ја издржа борбата до крај не успеа да извојува победа на денешните квалификации против турскиот репрезентативец Сефа Сонмез“, посочи македонскиот селекторот Дејан Митровски.

Back to top button
Close