Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 100, вклучувајќи жени и деца, биле киднапирани во напад на вооружени бандити врз заедницата Каиру во државата Замфара, северозападна Нигерија, соопштија денеска локалните власти.

Замфара е епицентар на напади од тешко вооружени банди кои во последните години предизвикаа хаос низ северозападна Нигерија.

Бандите досега киднапираа илјадници луѓе, убија стотици и ги направија локалните патишта небезбедни во некои области

Фото: Архива

Back to top button
Close