Шевченко го одреди составот за дуелот со Кипар, без Калин Ивановски во Никозија

Македонската Дејвис куп репрезентација следниот викенд ја очекува првиот дуел во 2026 година. Македонските тенисери гостуваат на Кипар во мечот од Втората Светска зона.

Селекторот Горан Шевченко за овој дуел ќе смета на следниве тенисери: Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Марко Алексовски. Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски за овој меч според информациите од неговиот тим од САД каде што се наоѓа сега не е доволно подготвен.

Според селекторот Шевченко до промена на играчите може да дојде и на еден ден пред почетокот на мечевите.

За селекцијата на Кипар ќе настапат Мелиос Естатиу (787.АТП сингл ранг – 506. дубл ранг); Фотос Фотиадес (1.782 сингл ранг – 1.669 дубл ранг); Никола Кембел (без ранг сингл); Константинос Мегалемос (без ранг сингл)и Елефтериос Неос.

Мечот ќе се игра во Никозија на тврда подлога, во сабота (7.февруари) се играат два сингл меча и во недела (8.февруари) прво меч во двојки, а потоа двата други сингл мечеви.

Македонската репрезентација изминативе денови тренираше во Скопје, а во понеделник заминува за Никозија.

Back to top button
Close