Шилегов: На тик-ток „фраерот“ што возеше по вело-патека одземен му е автомобилот
Лицето кое се снимаше како вози по вело патеката на бул. 8-ми Септември од хотел Александар Палас кон Илинденска, а снимката се појави на социјалните мрежи, доби парична казна и привремено му е одземено возилото.
„Тик ток „фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено…“, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.