Шилегов: Не е проблем ако Данела е Бугарка, туку што ја лажеше јавноста

Немав дебата со неа. Не знам што ја навредило досега, ама бегањето од дебатата е нешто што е недозволиво и арогантно однесување кон граѓаните, вели за Сител кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник на Скопје

Акo воопшто постоеше црна кампања тоа е онаа што ВМРО-ДПМНЕ ја води пет години, а особено последниве пет месеци, за мене за семејството, за се. За Данела Арсовска немам изговорено ниту еден лош збор и не е проблем државјанството, туку зошто ја излажа македонската јавност. Тоа не е црна кампања. Таа може да се чувствува како сака, дури и како Бугарка, но проблемот е во криењето, рече кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во гостувањето на вестите на Сител.

„Јас немав дебата со неа. Не знам што ја навредило досега, ама бегањето од дебатата е нешто што е недозволиво и арогантно однесување кон граѓаните. Ние нема да се убедиме, бидејќи сме противкандидати, но тука сме за граѓаните. Запрепастувачки е и излегува дека целата нејзина кампања е измама“,дополни Шилегов.

Тој појасни дека добар дел од спомениците не се ингеренција на град Скопје, а треба да се искористат сите правни процедури за да не се оштети буџетот.

„Градот има лимитиран буџет. Решивме да градиме иднина, улици, мостови…, тоа се приоритетите на градот. Цели 27 години не беше изграден ниту еден мост, ниту улици и булевари, ниту пак беше решен проблемот со сообраќајот“,рече Шилегов.

Back to top button
Close