Шилегов објави фотографии од возниот парк на Дрисла: Судете сами за „скандалот” и „бомбата”
Откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Петре Шилегов и директорот на депонијата Дрисла, Коста Начевски дека среде криза планираат да купуваат три нови џипови, Шилегов излезе со реакција на Фејсбук:
Во врска со “големата сензација”
“аудио бомбата”, на советничка група на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје:
1. На фотографиите (првите) се прикажани службеното возило на поранешниот директор на Дрисла, кое го наследивме како возило и за сегашниот директор.
2. На фотографиите (вторите) се прикажани теренските службени возила, наменети за редовното работење на депонијата. Ние набавуваме 3 (три) нови теренски возила за редовното работење.
3. Вкупната вредност на трите теренски возила изнесува 2.000.000 денари или по нашки, околу една третина од вредноста на возилото на директорот кој што го набавило ДПМНЕ.
Судете сами за “скандалот” и “бомбата”. Од таквиот ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и евтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе …