Шилегов: Околу 10 јуни треба да пристигне противпожарна скала и дополнителна опрема за пожарникарите

– Ќе продолжиме да вложуваме во опрема и човечки потенцијал, бидејќи за безбедноста на скопјани и безбедноста на вработените во пожарната се императив. Тоа го порача градоначалникот  на Скопје Петре Шилегов  кој денеска по повод Денот на пожарникарството, ја посети Станицата на противпожарната бригада во населбата Автокоманда.

-Јас како градоначалник вложувам многу во човечкиот, но и останатиот инфраструктурен потенцијал на противпожарната бригата. Зголемен е бројот за нови 38 пожарникари. Речиси две години во рамки на противпожарната бригада целосно се обновени униформите што целосно ги заштитува пожарникарите  и специјалните обувки, изјави Шилегов.

Тој најави и дека според последните информации со кои располага, околу 10 јуни треба да пристигне противпожарна скала и дополнителна опрема, која според градоначалникот е најнапредна опрема која противпожарната бригада ја има добиено и општо во историјата на државата.

-Пожарникарите се хероите на нашиот град. Ги надминавме децениските проблеми со кои се соочува тие, зголемени се платите, додатоците, редовно се исплаќа и хранарината. Од материјален аспект тоа што беше проблем кај пожарникарите е надминато, забележуваме и задоволство помеѓу вработените, што не беше случај до пред една година, додаде градоначалникот.

Back to top button
Close