Шилегов „пука“ кон сопартијците: „Или си СДСМ или си тезгарош. Бара оставка од Филипче

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, преку социјалните мрежи испрати остра и енигматична порака, која очигледно е упатена кон раководството или одредени структури во неговата матична партија. Тој најавува „отворање на картите“ веднаш по празничната сезона, обвинувајќи за калкулантство и тајни договори.

Во својот статус, Шилегов користи правна терминологија како метафора за политичка одговорност, алудирајќи на тоа дека некој се обидува да ја избегне вината или да ја преквалификува „одговорноста“.

 

„Ви тежи ли договорот?“

 

Шилегов директно прашува дали некој е притиснат од некаков таен договор или од тежината на одговорноста, поставувајќи јасна линија на поделба во партијата.

„Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла! Или тешка Ви е одговорноста? Или Ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!“, напиша Шилегов.

Најава за бура по празниците

Тој сугерира дека моменталниот молк или потезите што се влечат се темпирани за време на празниците (Нова Година и Божиќ) со надеж дека јавноста ќе заборави. Сепак, тој испрати предупредување дека вистинските прашања ќе бидат поставени откако ќе заврши празничната еуфорија.

„Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се ’разводиме‘ во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот… ќе се заборави“, порача иронично Шилегов.

Објавата експресно ја ажурираше со уште една.  „Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тел повици за 7 мин) ДА !!! Барам оставка на “претседателот” на СДСМ !!!!.

4news mk

Back to top button
Close