Шилегов: Скопје со најголема пешачка зона во Европа до крајот на 2023

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешниот настан „Улици за луѓе“ рече дека очекува „Мал Ринг“ во центарот да биде затворен за сообраќај до крајот на 2023 и главниот град да ја има најголемата пешачка зона во Европа.

 

– Со почетокот на имплементацијата на бас-рапид транзитот, таму ќе биде дозволено движењето само на овие и на противпожарните и амбулантските возила. Останатиот вид на сообраќај ќе мора да се дисперзира по средниот сообраќаен ринг. Од тука, гледано веќе сме некаде при крај, а мораме да одиме паралелно со тие димензии, затоа што мораме да дадеме и алтернативен начин на граѓаните за движење низ центарот, па да го затвориме автомобилскиот сообраќај и тоа како стратешка цел на нашиот град ќе се имплементира заедно со првата фаза од бас-рапид транзитот. Јас очекувам дека е многу можно до крајот на 2023 да сведочиме на такво нешто во нашиот град со што Скопје ќе го направиме можеби град со најголема пешачка зона во Европа, од Стара железничка до Бит Пазар, од Собрание до „Ловец“, потенцираше Шилегов денеска одговарајќи на новинарско прашање.

извор: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Back to top button
Close