Шилегов за 1000 денари го купил чадорот со кој некој дедо ги удирал на 27 април

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов на својот фејсбук-профил раскажа за случка при упадот во Собранието на 27-ми април пред пет години.

– Ова е за патриотите и уставобранителите. Имаше еден чичко (дедо) којшто во тој упад во Собранието, влегол со чадор. Со чадорот упорно удираше по Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и по мене. По некое време, Дамјан го праша: Чиче, да ти го купам чадорот за 300 денари? Чичето одговори: мојов е скап, голем е, вреди барем 500. На Дамјан му дадов 1.000 денари. Му ги даде на чичето. Ни го даде чадорот за 1.000 денари и излезе од прес центарот на Собранието – напиша Шилегов на социјалните мрежи.

Тој додава:

– Ах, Македонијо … Те продадоа за 1.000 денари. Како бакшиш на певаљка (па макар и оперска) која денес глуми лудило пред Собрание – потенцира Шилегов.

Back to top button
Close