Шкендија Арачиново казнета заради слаба организација со четири натпревари без публика

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата седница ги донесе неколку одлуки по направени дисциплински прекршоци. Во центарот на вниманието беше инцидентот на дуелот од Втората лига меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница Штип.
Ова се казните изречени од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ:
– Илјази Седат, претставник на ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од три месеци.
– Дамјан Стојковски, ФК Осогово – забрана за настап на еден натпревар.
– Кристијан Чурлинов, ФК Шкендија Арачиново – забрана за настап на еден натпревар.
– Ферди Исмаили, ФК Шкупи 1927 АД – забрана за вршење функција во траење од две години.
– Ајдари Шкелќим, ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од три месеци.
– Даниел Карчески, ФК Брегалница – забрана на настап на два натпревари.
– Јасир Беќири, ФК Шкендија Арачиново – забрана на настап два натпревари.
– Исуфи Авдираман, комесар за безбедност на ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од една година.
– ЗФК Шкендија Арачиново се санкционира со забрана за присуство на публика на четири првенствени или куп натпревари и парична казна од 4.000 евра, поради слаба организација на натпреварот од 13. коло против ФК Брегалница 2008 АД, при што е констатиран напад на гостински фудбалер и употреба на пиротехника.






