Шкендија по продолжение се избори за следната рунда од ЛШ
Екипата на Шкендија по продолжение успеа да се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите откако вечерва го совлада ТНС од Велс со 2:1, во регуларниот дел беше 1:1.
Почетокот на натпреварот беше во знакот на Шкендија кога нејзините играчи ја погодија стативата, а имаа уште неколку шанси. Шкендија поведе во 19.минута кога на асистенција капитенот Бесарт Ибраими, Фабрис Тамба ја затресе мрежата на гостинскиот голман. Гостите од Велс изедначија во 38.минута кога по одбиената топка од играч на Шкендија ја казни Џордан Вилијамс.
Во вториот дел возбудувањата беа во финишот. Во 83.минута судијата од Сајат Карабајев од Казахстан досуди пенал за Шкендија, но по прегледување на ВАР ситуацијата го поништи поради офсајд. Во судиското надополнување на вториот дел Тамба биеше, но Натан Шепард успеа да одбрани и дуелот заврши 1:1 што значеше и продолженија.
Голот за победа Шкендија го постигна во 116.минута. По ударот на Ибраими, голманот Шепард одби, а во продолжението на акцијата Фитон Адеми нафрли за сопствената мрежа ја затресе Џек Боденхам.
Во следната рунда Шкендија ќе игра против романскиот првак СБ (поранешна Стеауа).