Шкотска- прва земја во светот со бесплатни хигиенски продукти, потребни за жените при менструација

 

За сите жени во Шкотска средствата за менструална хигиена ќе бидат бесплатни, откако пратениците во шкотскиот парламент го усвоија Законот за производи за менструација без провизија. Шкотска на тој начин стана прва земја во која средствата за менструална хигиена ќе бидат бесплатни, пренесуваат светските медиуми.

Локалните власти сега имаат законска обврска да ги обезбедат бесплатно овие производи, за сите кои имаат потреба од нив. Овој закон е резултат на четиригодишната кампања на пратеничката Моника Ленон од редовите на Лабуристичката партија.

– Ова е практичен и напреден закон кој стана уште позначаен во пандемијата на коронавирусот. Менструацијата не запира во пандемија и олеснувањето и унапредувањето на пристапот до средствата за менструална хигиена никогаш не било поважно – изјави Ленон.

Истражувањето спроведено меѓу младите Шкотланѓанки покажа дека една четвртина од нив имаат потешкотии да дојдат до средствата за менструална хигиена.

Едно од 10 девојчиња во Велика Британија не може да си дозволи производи за менструална хигиена, според податоци според истражувањето спроведено од „Плен Интернешнл Јукеј“ во 2017 година.

Back to top button
Close