Шкријељ и Рамчиловиќ бараат ВМРО-ДПМНЕ да се извини за навреди кон Бошњаците од нивна пратеничка

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова-Серафимовска јавно да се извини за искажани навреди кон Бошњаците, бараат пратениците Санела Шкријељ и Зеќир Рамчиловиќ.

Нивното барање е откако Стојкова-Серафимовска од собраниската говорница на денешната седница обраќајќи и се Шкријељ рече дека има „збунет идентитет“ и „не знае што е“.

„Ќе добиете деца и младина и иднина со збунет идентитет, каков што е Вашиот идентитет колешке, очигледно Вие сакате да имате наследници како Вие што сте во моментов, и нашите поколенија и нашите генерации да не знаат што се, да не знаат што се како вие што не знаете што сте“bрече Стојкова-Серафимовска во дел од репликата за која двајцата пратеници бараат извинување.

Шкријељ и Рамчиловиќ велат дека не чувствуваат потреба никому да докажуваат кои и што се и не бараат од пратеничката да се извини, туку тоа треба да го направи ВМРО-ДПМНЕ и да се огради.

„Не чувствуваме потреба никому да докажуваме кои сме и што сме, и нема да ја повикаме пратеничката да се извини, таа го кажа своето за што доби и аплауз од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, но упатуваме јавна реакција и барање до партијата ВМРО ДПМНЕ да се извини и да се огради од кажаното доколку има демократски капацитет и го почитува Уставот и законите на Република Северна Македонија“ велат двајцата пратеници во реакцијата.

Веруваме, додаваат тие, дека говорот на Стојкова-Серафимовска не е партиски став на ВМРО-ДПМНЕ, но порачуваат дека во зависност од партиската реакција за говорот на пратеничката ќе зависи и односот на Бошњаците кон партијата.

Back to top button
Close