Шкријељ: Со мартовската плата ги зголемуваме минималните месечни примања на 20 175 денари

Пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ, на прес-конференција соопшти дека владејачката партија го исполнила ветувањето за зголемување на минималната плата, преку, како што вели, одговорни, ефикасни и навремени економски политики.

„Веќе со мартовската плата, минималните месечни примања ги зголемуваме на 20 175 денари, односно за над 2 000 денари од сегашната минимална плата која изнесува 18 000 денари. Претходно, исто така на година и половина од крајот на мандатот, реализиравме уште едно клучно ветување, за просечна плата од 34 000 денари“ порача Шкријељ.

28 месеци од почетокот на мандатот на оваа влада, како што рече таа, односно во декември 2022 просечната плата според Државниот завод за статистика изнесуваше 34 364 денари.

„Важно е да се напомене дека овие остварувања се случуваат во години кога бевме соочени и сè уште се соочуваме со последиците прво од здравствената, а потоа од економската и енергетската криза. За нас во СДСМ, зборот даден пред граѓаните останува збор, ветеното го реализираме“ додаде пратеничката.

Back to top button
Close