Шкупи ја прекина соработката со Реџиналдо
– Македонскиот вицешампион Шкупи ја прекина денеска соработката со мозамбискиот фудбалер Реџиналдо, како дел од реконструкцијата на тимот за следната сезона во домашното првенство и настапот во квалификациите на УЕФА Конференциската лига на Европа.Реџиналдо (30) дојде во редовите на Шкупи на стартот од есенската полусезона, како замена за Дембо Дарбо, кој како прв стрелец на скопскиот прволигаш направи трансфер во зимскиот преоден рок во Белорусија.
На 14 натпревари во дресот на Шкупи во вториот дел од сезоната во Македонската прва фудбалска лига, Реџиналдо постигна два гола, додавајќи исто толку асистенции.