Шмајхел: УЕФА ни понуди да го доиграме натпреварот веднаш, напладне следниот ден или да загубиме службено

 Легендарниот дански голман Питер Шмајхел проговори за ситуацијата со натпреварот Данска – Финска (0:1) во првото коло од групната фаза на ЕВРО 2020 по срцевиот удар на играчот од средниот ред Кристијан Ериксен.

– Видов изјава од УЕФА, во која беше забележано дека тие донеле таква одлука по совет на играчите, демек фудбалерите инсистирале да го завршат мечот. Но, ова не е точно. На играчите им беа понудени три опции. Првата беше да се заврши натпреварот веднаш. Втората опција беше следниот ден напладне да се доиграат преостанатите минути. Третата беше службен пораз со 3:0.

Па сега видете сами, дали навистина беше желбата на играчите да завршат со играта веднаш? Дали имаа избор? Мислам, не, изјави Шмајхел.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close