Шмит со предупредување до Рама: Измени во Уставот само со согласност на вонпарламентарната опозиција

– Кристијан Шмит, една од водечките фигури на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг и известувач за Албанија во парламентарната група ЦДУ/ЦСУ го предупреди албанскиот премиер Еди Рама да не презема еднострани активности со промена на Уставот и укинување на правото на предизборни коалиции без согласност на вонпарламентарната опозиција.

Повикувајќи се на веста за договорот меѓу политичките партии, заснована врз договорот од 5 јуни, поранешниот министер во владата на канцеларката Ангела Меркел, оценува дека е голем успех што ја зајакнува демократијата во Албанија.

Потенцира дека Социјалистичката партија се обидува да направи измени надвор од договорот, односно „бришење од Уставот на правото на предизборни коалиции за да се фаворизира себе си“.

„Ова е голем успех и ја зајакнува демократијата во Албанија. Со голема загриженост гледам дека Социјалистичката партија се обидува со други измени надвор од договорот: конкретно, се обидува да го отстрани од Уставот правото на предизборни коалиции. (За своја корист?) Бидете внимателни! Понатамошните промени мора да бидат поддржани од сите најголеми партии во парламентот и вон парламентот. Убеден сум дека премиерот Рама, кој е и претседавач со ОБСЕ, ќе го заштити духот на договорот од 5 јуни, посигнат меѓу сите страни. Потребна е взаемна доверба!“,  напиша Шмит.

Предупредувањето до премиерот Рама е јасно и оди во содејство со претходната изјава на Бундестагот на една од водечките германски политички фигури, Јохан Вадефул, кој јасно стави до знаење дека секоја еднострана промена на Уставот во однос на изборите и предизборните коалиции ќе има последици за интеграцијата на земјата во ЕУ.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и САД, исто така, ја повикаа владата да не се обидува на уставни измени без вклучување и консензус на опозицијата.

И покрај овие пораки, уставните измени со кои се укинуваат изборните коалиции,на што се противи вонпаралментрната опозиција, се на дневен ред на Парламентот на пленарна седница на 30 јули.вт/сд/

Back to top button
Close