Шојгу: Русија ќе распореди 20 воени единици крај границата како одговор на НАТО

– Русија до крајот на годината ќе распореди околу 20 нови воени формации и војници долж западната граница, како одговор на трансатлантските активности на НАТО, изјави  денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

Министерот Шојгу изјави дека САД и НАТО неодамна ја засилија својата воена активност во западна Русија, што бара соодветен одговор од Москва.

-Активностите на нашите западни колеги го уништуваат безбедносниот систем во светот и нè принудуваат да преземеме соодветни противмерки, рече Шојгу, цитиран од руските медиуми.

Рускиот министер за одбрана наведе дека „до крајот на годината во Западниот воен округ ќе бидат распоредени околу 20 воени формации и единици“.

Back to top button
Close