Шо: Рашфорд ќе ја освои „Златната топка“

– Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо верува дека неговиот соиграч Маркус Рашфорд има квалитети еден ден да ја освои „Златната топка“.

– Маркус се подобри многу откако се појави на сцената. Не само на теренот, туку и надвор од него. Тој созреа толку многу. Тој навистина се претвори од момче во маж. Рашфорд е пример за секого. Неговото семејство исто така придонесе да го задржат цврсто на земја. Тој е инспирација за многу млади играчи. Постојано сака да учи и да стане подобар. Понекогаш тој изгледа незапирлив, толку самоуверен. Никогаш досега не сум го видел таков. Тој секогаш бил уверен, но не на толку високо ниво, прокоментира Шо на официјалната веб-страница на клубот.

Според него, англискиот репрезентативец знае дека има квалитети за да биде еден од најдобрите и постојано сака да се подобрува.

– Нема причина да се мисли дека не може да ја освои „Златната топка“ еден ден, ако продолжи да работи толку напорно, додаде бекот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close