Шолц: Русија не треба да ја потценува нашата одлучност во украинската криза

Русија не треба да ја потценува одлучноста на Западот да реагира на каква било ескалација на украинско-руската криза, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

-Во оваа критична ситуација за сите нас, Русија не треба да го потценува нашето единство и решителност како партнер во ЕУ и како сојузник во НАТО, рече Шолц по разговорите со балтичките лидери во Берлин.

„Многу сериозно ја сфаќаме загриженоста на нашите сојузници“, додаде тој.

Back to top button
Close