Шолц: Трамп треба да ја напушти функцијата пред Денот на инаугурацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп треба да ја напушти функцијата пред Денот на инаугурацијата по немирите во Капитол хил, изјави денеска германскиот министер за финансии Олаф Шолц, додавајќи дека Берлин е убеден во добар почеток во односите со неговиот наследник Џо Бајден.

Шолц истакна дека неговата најголема политичка цел е да постигне договор со администрацијата на Бајден до летото во рамките на ОБСЕ за нацрт глобалниот правилник за оданочување на претпријатијата.

– Џо Бајден е вистинскиот човек за следното претседателство. Тој е добро позициониран да ги надмине социјалните поделби во најголемата светска економија и да ја излекува земјата по четири години претседателствување на Трамп во Белата куќа, рече Шолц.

Тој исто така изјави дека има добри шанси за ново поглавје поврзано со трансатлантското партнерство.

Back to top button
Close