Шолц: Ве сакаме како членки на ЕУ и ќе бидеме покрај вас до крај

Германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево на „Твитер“ го поздрави гласањето на Собранието на Северна Македонија за заклучоците за францускиот предлог.

– Го поздравувам гласањето на македонскиот Парламент што го отвори патот за првите конференции за пристапување на Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас до крај, напиша Шолц.

Претходно, попладнево одлуката на Собранието ја поздравија и еврокомесарот за проширување Олвиер Вархеји, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Back to top button
Close