Шолц во посета на Скопје меѓу средбите во Солун и Софија

Германскиот канцелар Олаф Шолц во рамки на посетата на неколку земји од Запден Балкан ќе престојува и во Република Северна Македонија, објави Телма посочувајќи дека тој во Скопје ќе пристигне во сабота на 11 јуни.

Претходно, во петокот германскиот канцелар ќе престојува во Солун каде ќе учествува на Самитот за соработка во Југоисточна Европа, на покана на грчкиот премиер Мицотакис.

По средбите во Скопје, истиот ден Шолц ќе се упати кон Софија.

Посетата на Шолц на Скопје и Софија се случува пред состанокот на Европскиот совет, закажан за 23 јуни, а на кој е предвиден и одделен самит со шефовите на држави и влади од земјите на Западниот Балкан.

Шолц посетата на неколку земји од регионот ја најави уште пред една недела кога пред Бундестагот порача дека интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е прашање на кредибилитет и стратешки интерес. Пред пратениците зборуваше за обврските кои ЕУ земјите членки ги преземаа кон државите од Западниот Балкан и ветувањето за нивно полноправно членство. Шолц најави дека сака повторно да го заживее Берлинскиот процес и на крајот порача дека Западниот Балкан припаѓа кон Европската унија.

Back to top button
Close