Шон Пен го напушти снимањето на серија затоа што персоналот не бил вакциниран!

Актерот кој има 60 години ќе се врати на сетот само ако сите, од актерите до техничкиот персонал, бидат вакцинирани, а самиот се понудил бесплатно да ги вакцинира преку својата организација CORE, јавува ОКрадио.

 

Со ваквиот храбар потег Шон Пен го охрабрува целиот Холивуд да се вакцинира, а одлуката актерот ја донел по зголемените бројки и влошената состојба со коронавирусот во Лос Анџелес.

„Гаслит“ е серија која се занимава со познатата афера на прислушување Вотергејт од 70-тите години на 20 век, а главната женска улога ќе ја толкува Џулија Робертс, која е заедно со Шон Пен на сетот

Back to top button
Close