Шпагети со тиквички
Едноставно, брзо и вкусно
Состојки:
300 грама шпагети
2 тиквички
1 кромид
1 чешне лук
100 мл бело вино
300 мл павлака за готвење
магдонос, босилек, сол, бибер, маслиново масло
Подготовка:
Пржете го кромидот во маслиново масло, по неколку минути пржење додадете ги ренданите тиквички, ситно сецканиот лук и магдоносот. Кога дел од водата од тиквичките ќе испари, додадете го виното, солта, биберот, додадете босилек и малку сув зачин по желба..гответе неколку минути и додадете ја павлаката за готвење. Оставете да зоврие неколку минути, исклучете го огнот и додадете ги сварените шпагети во сосот, наросете со пармезан и уживајте.