Шпанците инсистираат дека ќе играат фудбал против „територијата на Косово“

Шпанската кралска фудбалска федерација (РФЕФ) направи проблеми во врска со организацијата на мечот од квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 по именувањето на Косово како „територија на Косово“ поради тоа што ја немаат признаено независноста на најмладата европска нација.
Шпанското Министерство за надворешни работи советува гостите да бидат нарекувани „територија на Косово“ и препорачува знамето на Косово да не се прикажува покрај тоа на Шпанија, а химната ќе биде нарекувана „песната што ја претставува територијата Косово“. Мечот треба да се одигра во Севилја на 31 март.
Во Косово се бесни на оваа одлука на Шпанците.
„Обидот на Шпанија да ја минимизира државноста на Косово во квалификацискиот меч за СП, именувајќи го Косово како територија, е залуден и нефер. Тие се свесни дека тој ден ќе играат со националниот тим на Косово, кој ќе биде претставуван како која било држава“, велат од Косовската фудбалска федерација.






