Шпанија денеска ја укинува вонредната состојба и ги отвора границите

Шпанија денеска ја укинува вонредната состојба прогласена поради пандемијата на коронавирусот и ги отвора границите.

На посетителите од Европската унија, земјите од Шенген и Велика Британија ќе им биде дозволено да влезат без обврска да поминат две недели во карантин, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.

Туристите ќе поминат „тројна проверка“, која вклучува проверка на податоците од каде дошле, мерење на температурата и земање детални податоци доколку има потреба да бидат под надзор.

Back to top button
Close