Шпански судија ја отфрли забраната за пушење на јавни места

– Шпански судија ја отфрли забраната за пушење на јавни места во поголемата околина на  Мадрид со образложение дека таквата одлука ќе ги загрози основните човекови права.

Шпанската Влада и лидерите на 17-те автономни региони минатата недела се согласија да го забранат пушењето на јавни места, кога не е можно да се одржи физичко растојание од два метра.

Судијата во Мадрид, меѓутоа, вчера изјави дека локалните власти немаат капацитет да ги ограничат „основните права, освен ако претходно не прогласија вонредна состојба“.

Ова не е прв случај на поништување на одлука на локална самоуправа во Шпанија.

Кога владата во Мадрид на 21 јуни ја укина вонредната состојба, одговорноста и моќта на одлучување во врска со здравствените проблеми беа вратени во надлежност на локалните власти. Меѓутоа, доколку постои сомнеж дека некои одлуки и мерки на локалните власти претставуваат ограничување на граѓанските слободи, тие мора да бидат прогласени од надлежен судија.

Регионалните власти најавија жалба на одлуката на судијата во Мадрид. сд/

Back to top button
Close