Шпанскиот премиер повика на претпазливост пред укинувањето на мерките воведени поради пандемијата

 Шпанскиот премиер Педро Санчез го повика народот да продолжи да се пази во пресрет на утрешното укинување на режимот на зголемена готовност, воведен поради пандемијата на коронавирусот.

– Вирусот може да се врати и може да се соочиме со втор бран на зараза, изјави Санчез во телевизиско обраќање.

Утре во Шпанија се укинува карантинот и се отвораат границите за граѓаните на Европа.

Шпанските медиуми претходно јавија дека од средината на март, во Шпанија биле приведени повеќе од 9.000 луѓе за прекршување на мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Back to top button
Close