Шпанските власти трагаат по брод со 60 мигранти од Западна Африка

Шпанските власти тргнаа денеска во потрага по брод што наводно превезува околу 60 мигранти од Западна Африка до шпанските Канарски острови.

Авион, заедно со шпанската Служба за поморско спасување, се во потрага по брод што плови под лоши морски услови, објави државната агенција Ефе од Канарските острови.

Хуманитарните групи ги известија шпанските власти дека бродот го напуштил брегот на Западна Африка минатиот викенд.

Вчера и денеска три брода, со 91 мигрант, меѓу кои и 15 деца, пристигнаа на Канарските острови.

До 15 јули речиси 2.800 мигранти пристигнале на Канарските острови.

Back to top button
Close