„Шпигел“ имаше увид во документи кои докажуваат договор за непроширување на НАТО кон исток

Западните земји се договориле со раководството на Советскиот Сојуз во 1991 година да не се проширува НАТО кон исток, пишува „Шпигел“, повикувајќи се на архивски документи откриени од Џошуа Шифринсон, американски политиколог и вонреден професор по меѓународни односи на Универзитетот во Бостон.

Според него, документот првично бил класифициран како „доверлив“. Станува збор за средба на претставници на министерствата за надворешни работи на САД, Велика Британија, Франција и Германија, која се одржа во Бон на 6 март 1991 година.

– За време на преговорите „два плус четири“ (со учество на Западна и на Источна Германија, Франција, СССР, Велика Британија и САД), беше јасно дека нема да има проширување на НАТО подалеку од реката Елба. Затоа, не можеме да им понудиме на Полска и на други земји членство во НАТО, вели Јирген Хробог, претставник на Германија, според документот.

Истовремено, се нагласува дека таквиот став се совпаѓал со официјалниот став на сојузната влада на германскиот канцелар Хелмут Кол и министерот за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер.

Од своја страна, американскиот претставник Рејмонд Зајц истакна дека „на Советскиот Сојуз му е јасно ставено до знаење во преговорите „два плус четири“, како и во другите преговори, дека нема да имаат корист од повлекувањето на советските трупи од Источна Европа“.

– НАТО не треба ниту формално, ниту неофицијално да се шири кон исток, заклучи Зајц. г

Back to top button
Close