Шпигел за изборите во Србија: Победи фантомската демократија на Вучиќ – татко на нацијата, водач и спасител

 „Во Србија, најголемата и најважната земја во Западен Балкан, вчера беа одржани парламентарни избори, првично планирани за април, но одложени поради пандемијата на коронавирус, објави угледниот германски неделник „Шпигел“, посочувајќи дека однапред се знаело дека ќе победи Српската напредна странка (СНС) на Александар Вучиќ

Весникот оценува дека во Србија и Претседателот и Владата си дозволуваат себеси отворено да го кршат Уставот, системски да ги занемаруваат граѓанските права, по потреба да си ги прилагодуваат изборните правила, а политичката корупција е секојдневие.

„Како претседател, Вучиќ би требало да има релативно мала репрезентативна моќ, но всушност тој е самовладар во Србија. Јавниот и медиумскиот простор со години масовно го запоседнува, а од избивањето на корона-кризата – речиси целосно. Таа сеприсутност потсетува на Големиот брат на Орвел. Притоа, Вучиќ се претставува како татко на нацијата, водач и спасител на Србија. Политичките и економските мерки ги најавува во прво лице еднина“, пишува Шпигел.

Во тексот се вели дека „патетично искажаниот патриотизам“ на Вучиќ често наидува на плодно тло, но голем дел од неговиот успех е во тоа што неговата СНС, со стотици илјадници членови, функционира како голем клиентелистички апарат.

Back to top button
Close