Шрамајер за ДВ: Бугарија да ја запре антимакедонската фарса

Единствена реална политичка промена по изборите во Бугарија би била одлука за укинување на ветото кон Скопје, вели Клаус Шрамајер, поранешен заменик-амбасадор на Германија во Бугарија и експерт по уставно право.

Клаус Шрамајер, поранешен заменик-амбасадор на Германија во Бугарија и експерт по уставно право, во интервју за бугарската редакција на Дојче веле, истакнува дека по парламентарните избори во Бугарија не можат да се очекуваат големи промени:

„Повеќе од 30 години по 10 ноември 1989 година, Бугарија останува Бугарија. А тоа значи – Балкански полуостров. Духовите од минатото, навиките од минатото, плус постсоцијалистичките рефлексии сè уште доминираат таму.

Единствената реална политичка промена по изборите би била одлуката на Софија да го укине ветото против Скопје. Оваа антимакедонска фарса, која всушност се игра само од тактички причини пред изборите, за да се придобијат националистичките кругови, конечно мора да се запре. Инаку, сè ќе остане исто – освен некои мали промени. “

Во врска со можните постизборни коалиции за состав на влада, Шрамајер смета дека не може да се прават рационални прогнози:

„Тоа зависи од одзивот. Но, дури и ако од одзивот на гласачите е мал, не верувам дека ќе се појави коалиција помеѓу традиционално големите партии со мнозинство повеќе од 120 пратеници. Според мое мислење, всушност, нема смисла да се спроведуваат рационални размислувања за исходот на овие избори. Суштествата од минатото нема да исчезнат како резултат на избори. Оваа можност беше пропуштена во 1989-1990 година. Уличните протести од 2013-2014 година исто така не ги променија основните ставови.“

Како врвен приоритет за Бугарија, Шрамајер ја смета реформата на судството и безмилосно гонење на корупцијата во него.

Back to top button
Close