Штајнмаер до армијата на Белорусија: Не бидете насилни кон демонстрантите

– Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја повика армијата во Белорусија да не биде насилна кон демонстрантите кои протестираат против, како што рече, лажираните претседателски избори.

– Ја повикувам белоруската армија да не прави грев против својот народ со употреба на сила, нагласи Штајнмаер.

Тој додаде дека ја почитува храброста на демонстрантите и го повика претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, да се согласи на дијалог со нив, затоа што, како што рече, „Белорусите заслужуваат солидарност и поддршка“. зш/

Back to top button
Close